3.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпорт„Двајца се караат, третиот добива“: Брегалница и Шкендија Арачиново загубија, сега Охрид...

„Двајца се караат, третиот добива“: Брегалница и Шкендија Арачиново загубија, сега Охрид е пред можноста да биде есенски шампион

- Advertisement -spot_img

Една народна поговорка вели „Двајца се караат, третиот добива“, така беше со натпреварите од 14. коло на Втората лига, Брегалница пред својата публика со два нереализирани пенали загуби од Осогово со 0:1, а пак Шкендија Арачиново загуби кај Новаци со 1:0, па овој резултат најмногу му одговара на Охрид, кој со 1:0 го доби Детонит Плачковица и со тоа е пред можноста да биде есенски шампион.

Шкендија Арачиново и Брегланица беа во ситуации каде зависеа сами од себе, тимот на Љупчо Марковски – Калц загуби, а пак тимот на Влатко Костов не реализираше два пенали, кога Ѓорѓи Јованоски успеа да ги прочита ударите од белата точка на Дарко Алексовски и Хусеин Демири, па така ја сочува чиста мрежата и трите бодови заминаа во Кочани.

Сега „рибарите“ зависат сами од себе и тука не се прашува повеќе ниту Брегалница, ниту Шкендија Арачиново. До крајот за тимот од Штип и од Арачиново во игра им се три бода односно имаат по еден натпревар, кој и да го добијат ќе зависат потоа од Охрид, бидејќи до крајот ќе одигра два натпревари, во сабота против Слога во Виница и на 3. декември против Големо Коњари во гости.

Ако Охрид ги добие овие два натпревари со 36 бодови ќе биде есенски шампион, Шкендија Арачиново може да има најмногу 35 бодови и да биде втора, ако ја добие Саса, а пак Брегалница може да има најмногу 33 бодови и да биде трета, ако ја добие победа во Прилеп.

Во долниот дел од табелата на едно коло до крајот едно е сигурно, Големо Коњари, Слога Виница и Преспа ќе презимат во опасната зона за директно испаѓање, па ќе ги очекува тешка пролетна битка за опстанок во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img