Фирма за финансиски услуги во Кочани вчера била ограбена од две лица. Разбојниците се заканиле со огнено оружје кон вработената.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.11.2025) во 18:08 часот во ОВР Кочани било пријавно дека во фирма за финансиски услуги во Кочани две лица со закана со огнено оружје од вработената одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







