Вчера двајца мотоциклисти настрадаа на скопските улици.
Како што информираа од полицијата, вчера во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, Д.М.(55) од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во другиот случај, исто така вчера во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Мите Богоевски“ и ул.„Архиепископ Сотир Томовски“ во Скопје, С.С.(52) од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.









