Продолжениот празничен викенд донесе зголемена фреквенција на граничните премини, при што во рок од само 12 часа синоќа повеќе од 20.000 македонски граѓани ја напуштиле државата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сите расположливи човечки и технички ресурси се ангажирани со цел да се овозможи побрз проток на патници и да се намалат гужвите.
Ваквите зголемени движења се вообичаени за време на празници и продолжени викенди, кога голем број граѓани одлучуваат да ги поминат слободните денови надвор од земјата.








