Државата ќе го конфискува нелегално изградениот објект на државно земјиште на спортскиот аеродром Стенковец.
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека оваа одлука е донесена во координација со Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат и Аероклубот на спортскиот аеродром Стенковец.
„Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби“, напиша Николоски на фејсбук.









