Дрвокрадците, освен што незаконски ги сечат шумите, како што вели заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, се и пиромани и причинители на сообраќајни незгоди, а стануваат и насилници. Така, тој обелодени дека дрвокрадци на Плачковица нападнале и крвнички претепале двајца вработени од шумското стопанство „Серта“ од Штип. Тоа се случило во вторникот, кога се обиделе да ги одвратат од намерата, вработените добиле ќотек.
– Значи, внимавајте добро, оделе да крадат, а овие се обиделе да ги спречат да одат. А дали може да замислете како би било кога би биле со коли полни со дрва. Тогаш, најверојатно, би ги убиле? – пишува заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
Дрвокрадците, освен што незаконски ги сечат шумите, како што вели заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, се и пиромани и причинители на сообраќајни незгоди, а стануваат и насилници.
Така, тој обелодени дека дрвокрадци на Плачковица нападнале и крвнички претепале двајца вработени од шумското стопанство „Серта“ од Штип. Тоа се случило во вторникот, кога се обиделе да ги одвратат од намерата, вработените добиле ќотек.
– Значи, внимавајте добро, оделе да крадат, а овие се обиделе да ги спречат да одат. А дали може да замислете како би било кога би биле со коли полни со дрва. Тогаш, најверојатно, би ги убиле? – пишува Михаилов и додава дека не го пишува ова за да плаче или затоа што се плаши, туку напротив, како што вели, со оваа објава ја прашува јавноста во Штип или оној мал дел дали има сè уште некој нормален што ги поддржува овие дрвокрадци.
Тој вели дека тоа се истите луѓе кои постојано ги бркаат, фаќаат и кои постојано одат.
– Па овие се истите луѓе што ја прават шумата лом, сечат каде што ќе стигнат, возат како лудаци низ планината и низ улиците на Штип и во другите населени места – тврди Михаилов.
Тој додава дека не е само оваа случка и дека континуирано имало закани кон вработените од оваа подружница. Но, како што наведува. воопшто не се сомнева дека МВР ќе си ја заврши својата работа.
– За предметниот настан сум известен дека МВР ги презема сите неопходни дејства, дел од напаѓачите се приведени, дел повикани на информативни разговори и се надевам дека ќе имаме соодветна разрешница за брзо време – истакна Михаилов.
Тој апелираше до јавноста да не ги поддржува ваквите структури, затоа што, како што нагласува, тие се и крадци, и пиромани, и причинители на сообраќајни несреќи или, со еден збор кажано, непријатели на природата и на општеството.






