домаМакедонијаДрама на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи...

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

- Advertisement -spot_img

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен околу 12.33 часот во СВР Битола. Двајца рибари кои излегле на брегот кај ресенското село Сливница пријавиле дека во езерото останале уште двајца нивни сопатници.

Според пријавеното, М.М. на возраст од 71 година од Скопје околу 12.20 часот скокнал во езерото по веслата и повеќе не излегол од водата.

Другиот рибар, Б.Ј. на возраст од 71 година од Скопје, останал во чамецот, кој поради ветерот бил однесен во правец на Крани, на околу еден километар од брегот.

На местото излегле полициски службеници, а во потрагата по исчезнатиот рибар е вклучена и специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img