домаРегионДрама на лет за Дубровник: пукнал прозор, авионот итно бил пренасочен кон...

Драма на лет за Дубровник: пукнал прозор, авионот итно бил пренасочен кон Виена

- Advertisement -spot_img

Авион на компанијата „Нервежијан ер шатл“ утрово принудно слетал во Виена, откако еден од прозорците пукнал за време на летот, неофицијално дознава „Дубровачки дневник“.

Авионот на летот DY1922 полетал од Осло во 6:45 часот и требало да слета на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дурбовник околу 9:40 часот, но за време на летот, еден од прозорците бил оштетен, поради што екипажот одлучил да го пренасочи летот како мерка на претпазливост и принудно да слета на меѓународниот аеродром во Виена.

Авионот безбедно слетал во главниот град на Австрија. Станува збор за „боинг 737-800“ кој е стар помалку од 12 години.

Според информациите со кои располага „Дубровачки дневник“, на патниците треба да им се обезбеди авион за замена кој ќе го продолжи патувањето од Виена до Дубровник во попладневните часови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img