домаРегионДолга е раката на Грција: Грчка партија спречи во Нови Сад да...

Долга е раката на Грција: Грчка партија спречи во Нови Сад да се постави споменик „Мајка Македонија“

- Advertisement -spot_img

Граѓанската партија на Грците на Србија ги повика властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата на Националниот совет на Македонското национално малцинство за поставување на споменикот „Мајка Македонија“, пишува порталот „021.рс.

На 3 август, Националниот совет на Македонското национално малцинство до Собранието на Нови Сад ја поднесе иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ по повод 80-годишнината од Македонската имиграција во Војводина. Советот за култура и информации на Собранието на Нови Сад одлучи да побара дополнително мислење од ЈП „Урбанизам“ и Институтот за заштита на културните споменици на Нови Сад.

Порталот 021.rs денес објави дека Граѓанската партија на Грците на Србија оценила дека поставувањето на тој споменик би претставувало „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“ и дека самото име на споменикот е спорно бидејќи името Македонија се однесува на автономен регион и составен дел од територијата на Грција, додека Македонија е суверена држава.

Таа малцинска партија, исто така, смета дека иницијативата за поставување споменик со името „Мајка Македонија“ во градот што го носи епитетот „српска Атина“ е „директна провокација против Грција и грчкиот народ“.

Извор „021.рс

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img