4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДоделени државните награди „8 Септември“ за остварувања во спортот

Доделени државните награди „8 Септември“ за остварувања во спортот

- Advertisement -spot_img

Во Собранието на Република Македонија денеска, на свечена церемонија во организација на Министерството за спорт, беа доделени државните награди „8 Септември“ за особени остварувања во областа на спортот.

Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот и афирмацијата на државата на меѓународен план ја доби проф. д-р Јошко Миленкоски, истакнат одбојкар, универзитетски професор, долгогодишен тренер и актуелен селектор на македонската одбојкарска репрезентација.

Еднократната државна награда „8 Септември“ за остварувања во спортот им беше доделена на:

Хамид Бакија (борење)

Зоран Николовски (фудбал)

прим. д-р Виктор Тевчев (спортска медицина)

Кирил Манев (дигање тегови)

Со овие признанија државата изразува благодарност кон личности кои со својот труд, знаење и посветеност оставиле трајна трага во развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.

Министерството за спорт им упати искрени честитки на добитниците, потенцирајќи дека нивните достигнувања претставуваат мотив и инспирација за идните генерации спортисти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img