-0.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаДоби кривична за даночно затајување, обвинителството осум месеци истражува

Доби кривична за даночно затајување, обвинителството осум месеци истражува

- Advertisement -spot_img

„Балкан Марбле Индустриес“ која ископува мермер во прилепското село Вепрчани работи со загуби – минатата 2024 година, фирмата ја завршила со минус од речиси половина милион евра.

Лиценцата на фирмата е со важност до јуни 2026 година, а во договорот од 2013 година е наведено дека има можност за продолжување и во наредните 20 години.

Оваа лиценца остана, иако од декември минатата година, фирмата како правно лице, но и управителот Блеранд Сарачи се осомничени за затајување на данок.

„Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела , „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ“, наведоа од Управата за финансиска полиција.

Од Обвинителството за Фактор велат дека предметот е сѐ уште во предистрага.

„Се постапува во предистражна постапка, при што се преземаат дејствија на проверки. Издадена е и наредба за вештачење по која се постапува“, ни одговорија од ОЈО.

Освен Сарачи, управител на фирмата е и Заис Занас, а во неа има 22 вработени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img