5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје

Дивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје

- Advertisement -spot_img

Дивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје односно ЈП „Улици и патишта“. Од Општина Карпош пратена е иницијатива до Град Скопје за воспоставување меѓуопштинска соработка заради поекономично и поефикасно вршење на надлежностите на Општина Карпош, кои се однесуваат на спроведување на актите на градежната инспекција за отстранување на бесправно изградените објекти. Ова барање е ставено како точка на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи утре.

Ова е првпат една скопска Општина да побара Град Скопје да ја преземе обврската за уривање дивоградби. Досега Општините распишуваа тендер на кои се избираше приватна фирма. Град Скопје нема никакви надлежности во однос на уривање на дивоградби односно нема градежна инспекција и не носи одлуки за уривање, туку тоа го прават Општините. Градот досега никогаш не уривал дивоградби.

„Општина Карпош во остварувањето на оваа соработка ќе учествува со вршење на стручно-административните работи од областа на инспекцијата, во делот на актите за отстранување на бесправно изградените објекти на подрачјето на Општината. Градот Скопје во остварувањето на оваа соработка ќе учествува со сопствени средства во отстранувањето на бесправно изградените објекти, а работите ќе бидат изведени од јавното претпријатие ‘Улици и патишта‘ Скопје“, се вели во образложението на одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Карпош.

Средствата за уривање ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје. Општина Карпош по наплата на направените трошоци од сопствениците на отстранетите објекти, парите ќе ги уплатува на сметка на буџетот на Град Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img