6.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeКолумниДимитров: Зошто планинарите не се непријателите на шумите?

Димитров: Зошто планинарите не се непријателите на шумите?

- Advertisement -spot_img

Став на Тони Димитров

Со доаѓањето на летото, повторно сме сведоци на ригидни забрани за движење низ шумите – мерка која, иако формално насочена кон превенција на пожари, суштински промашува во разбирањето кој е вистинскиот ризик за шумите. Планинарите, љубителите на природата, не се пиромани, туку нејзини најискрени сојузници.

Логиката дека со забрана за движење ќе се спречат пожари е површна. Повеќето шумски пожари не ги предизвикуваат луѓето што носат ранци и термоси, и водичите кои ригидно ги организираат турите, туку несовесните поединци што палат отпадоци, фрлаат отпушоци или намерно предизвикуваат штета. Не сакам да шпекулирам, но да бидеме искрени, тоа се оние кои зависат од планината: селаните, овчарите, дрвосечачите… Планинарите не палат оган во шума. Немаат зошто. Не готват, не сакаат да се згреат, не сакаат да разчистат со цел да направат пасиште. Не оставаат отпад – туку го собираат туѓиот. Не уништуваат – туку споделуваат фотографии од убавините кои сакаат да ги зачуваат.

Забраната не само што ги казнува тие што најмалку ја заслужуваат, туку и ја оставува шумата без нејзините неформални чувари. Кога шумата е пуста, тогаш е ранлива – нема кој да пријави чад, да пресретне несреќен случај, да алармира навреме. Празната шума е невидлива. А кога нешто е невидливо, лесно гори без никој да забележи.

Иронијата е што токму луѓето што најмногу ја сакаат природата, сега се протерани од неа. Наместо да се охрабрат организираните планинарски друштва да бидат дел од системот за превенција, тие се третираат како потенцијални закани. Дали државата навистина мисли дека ќе заштити нешто со тоа што ќе го избрка токму оној што сака да го заштити?

Да, потребна е претпазливост во лето. Но претпазливоста не значи забрана, туку мудра регулација. Информативни табли, контролирани зони, едукативни кампањи, патроли со учество на планинарски здруженија, измислете практична мерка сами… Сето тоа се алтернативи што не ја казнуваат љубовта кон природата, туку ја канализираат во заедничка грижа.

Зашто шумата не се чува со полиција и барикади, туку со присуство, грижа и одговорност. А никој тоа не го прави подобро од планинарите.

Отворено признавам: до сега од самиот почеток на воведување на оваа мерка, секоја година тендеиозно ја прекршувам. И знаете кој има горе да ме спречи? Па никој. Таму горе, нема ама баш никој. Ни чувар, ни шумар, ни полиција. Очигледно дека немаат капацитет ни самите да ја спроведат мерката до крај. Па чуму тогаш оваа мерка?

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img