домаМакедонијаДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари

- Advertisement -spot_img

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври.

Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле одобрени од Владата.

Од вкупната сума, 3 милиони денари се предвидени за платено политичко рекламирање во медиумите, додека останатите средства ќе бидат наменети за сите други трошоци поврзани со спроведувањето на изборниот процес.

– Само би сакал заради јавноста да ја споделам вкупната сума од финансискиот план за покривање на целосните трошоци во врска со организација и спроведување на изборите за градоначалник во општина Брвеница на 18 октомври, изнесуваат 21.100.000 денари. Тоа ни беше одобрено од Владата на вчерашната седница како список на трошоци. Од оваа сума, само ќе кажам дека 3.000.000 денари се предвидени за платено политичко рекламирање за медиумите, а сите останати трошоци за целосно и правилно спроведување на изборите во Брвеница ќе бидат покриени со овој финансиски план-вели Маричиќ.

На седницата беше донесено и решение за изменување на Годишниот план на ДИК, со воведување на нова буџетска програма – Програма 21, наменета исклучиво за спроведување изборни дејствија.

​- Во овој случај, Државната изборна комисија е должна да го измени Годишниот план со воведување на нова буџетска програма — тоа е Програма број 21, којашто е наменета исклучиво за спроведување на изборни дејствија. Државната изборна комисија на оваа седница ќе го усвои планот во којшто се предвидени минимални набавки за сѐ она што е потребно за да може да се одговори, односно да биде организиран изборниот процес во Брвеница-појасни Ангелчо Ристов, член на ДИК.

Членовите на ДИК едногласно ги донесоа и Предлог-одлука за утврдување на трошоците за спроведување на изборни активности во реално направени износи за претстојните избори за градоначалник на општина Брвениц, потоа предлог-одлука за доделување на средства на Општинската изборна комисија Брвеница заради спроведување на изборните активности за претстојните избори за градоначалник на општина Брвеница.

– Со оваа одлука ѝ овозможуваме на Општинската изборна комисија да покрие дел од своите трошоците за спроведување на изборите-вели Маричиќ.

Со одлуките на ДИК ќе бидат доделени и авансни средства на подрачното одделение на ДИК во Тетово, ќе се ангажираат и ИТ инжинери за спроведување на изборите, а членовите на Општинската изборна комисија во Брвеница ќе има и задолжителна едукација како да ги спроведе изборите на 18 октомври.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img