Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ утревечер ќе биде изведена детската театарска претстава „Шумската принцеза” во изведба на театар „Хит“.
Ќе се одигра на плоштадот „Вангел Наумоски“ (Мини маркет) со почеток во 20:30 часот.
Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без неа нема здравје за луѓето“.
Претставата изобилува со оргинална сценографија и костими, како и со многу музика, песни, едукативни и интерактивни моменти. Играат актерите: Магдалена Ризова-Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.









