Депонијата Буково останува ‘рак рана’ за охридскиот регион. Изминатава недела повторно гореше сметот, а сега иако пожарот е локализиран има големи количини на природен гас, метан кој гори.
.Од “Oхридски комуналец” велат дека посипана е земја во количина од над 400 м³, со цел целосно гаснење и спречување на повторно разгорување на пожарот. Меѓутоа состојбата е непредвидлива бидејќи природниот гас тлее одвнатре и во допир со кислород се самозапалува. Активистите од “Збогум Буково” повторно потсетиваат дека таа депонија е темпирана бомба.
Депонијата ” Буково ” требаше да биде затворена уште во 2020 година, но истата е се уште во употреба бидејќи се чека да започне со работа регионаланата депонија во Новаци каде ќе се одлага отпадот од повеќе региони.Министерот за животна средина и просторно планирање Хоџа вели дека моментално се врши предавање на машини и опрема на општините односно во тек е реализација на првата фаза од проектот.
Екологистите алармираат дека депонијата Буково е најголемиот загадувач на воздухот и животната средина и бараат што поскоро да се изгради регионална депонија.
Изградбата на регионална депонија кај Новаци се најавува години наназад, а истовремено е една од главните препораки во извештајот на УНЕСКО.








