HomeМакедонијаДенеска во Вашингтон стратешки дијалог САД – Македонија

Денеска во Вашингтон стратешки дијалог САД – Македонија

- Advertisement -spot_img

Делегација на македонската влада предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, ќе учествува на втората сесија од стратешкиот дијалог со САД, соопшти Министерството за надворешни работи.

Беше истакнато дека стратешкиот дијалог претставува важна платформа за продлабочување на билатералната соработка и подобрување на партнерството со САД, со фокус на клучните области од заеднички интерес, вклучувајќи ја одбраната и безбедноста, сајбер безбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани и зајакнувањето на граничната безбедност.

„Одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог го потврдува континуитетот на сојузот меѓу двете земји и заедничката посветеност за подобрување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img