Вечерва и официјално завршуваат квалификациите за СП 2026 во европската зона. На програмата се десет меча, за нас секако супер интересно ќе биде што тоа ќе се случува во Кардиф каде Македонија му гостува на Велс во меч од групата Ј.
Се е јасно, се е познато. Со победа или реми одиме во третиот шешир во ждрепката за баражот.
Вчера и денеска сме сведоци на неверојатна босанска инвазија на Виена. Се очекува вечерва на „Ернст Хапел“ да има најмалку 25.000 фанови кои ќе ги бодрат Џеко и другарите. Со победа селекцијата на БиХ по вторпат во својата историја ќе се пласира на СП, после она во Бразил 2014.
Виена „врие“, денеска Виена е главниот град на БиХ. Сите фанови од оваа земја не ни помислуваат на ништо друго освен на победа и пласман на Мундијалот. Во пресрет на овој меч Австрија има 18 а БиХ 16 бодови во групата Х. Првиот оди на Мундијалот, вториот во бараж.







