домаХроникаДелчевчанка осомничена за злоупотреба на сметката на нејзиниот починат сопруг

Делчевчанка осомничена за злоупотреба на сметката на нејзиниот починат сопруг

- Advertisement -spot_img

Полицијата од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднела кривична пријава против 54-годишната Р.С. поради сомнение дека сторила кривично дело „оштетување и неовластен пристап до компјутерски систем“.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот се однесува на настани од крајот на декември 2025 година, кога пријавената, користејќи податоци и полномошно од својот починат сопруг, извршила подигнување готовина од банкомат со дебитна картичка, како и дополнителни плаќања.

Исто така се наведува дека на 24 декември таа се појавила на шалтер во банка и, без да ја информира службата за смртта на сопругот, повторно го искористила полномошното за да подигне парични средства, при што ги довела во заблуда вработените во финансиската институција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img