домаМакедонијаДел од паднатите дрвја низ Скопје ќе завршат како огрев за социјално...

Дел од паднатите дрвја низ Скопје ќе завршат како огрев за социјално загрозени семејства

- Advertisement -spot_img

Никој не може точно да каже колку дрвја паднаа низ Скопје во текот на страшното невреме што се случи пред неколку денови кога ветрот со брзина од над 130 километри на час, носеше буквално сѐ пред себе – покриви, гранки, лимени огради и уриваше дрвја.

И четири дена по невремето во тревниците низ градот сѐ уште лежат паднатите стебла, затоа што јавните претпријатија и општинските комуналци со постојната механизација и луѓе, едноставно досега не постигнаа да ги расчистат сите.

Отстранувањето се спроведуваше по приоритет, најпрво требаше да се тргнат оние што ги блокираа улиците и сообраќајот за да се овозможи нормално функционирање на градот.

Првичната информација од МВР што следуваше набрзо откако невремето стивна, беше дека се пријавени 189 паднати дрвја, но бројката е веројатно и трипати поголема. Голем број дрвја паднаа во Градскиот парк, околу 80 на гробиштата „Бутел“, стотици низ Карпош и Аеродром како и низ другите општини, предизвикувајќи огромна материјална штета и оставајќи зад себе многу смачкани автомобили, но за среќа ураганот помина без човечки жртви.

Огромна дрвна маса остана по невремето во Скопје која се транспортира во непознат правец, барем за јавноста. Од Град Скопје објаснија за што ќе се намени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img