1.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортДебакл од 16 гола – Работнички го декласираше Карбинци, Брегалница во следна...

Дебакл од 16 гола – Работнички го декласираше Карбинци, Брегалница во следна фаза на Купот, 14 гола постигна Македонија ЃП!

- Advertisement -spot_img

Вчера, беа одиграни шест натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, а најмногу погодоци имаше на два натпревари, каде вкупно 30 погодоци беа постигнати.

Третолигашот Карбинци доживеа дебакл од прволигашот Работнички, откако на домашен терен беше торпедиран со 0:16, а по мечот од ФК Карбинци им се извинија на наввиачтие и на спортската јавност во општина Карбинци за очајниот настап и лошиот резултат, од клубот додаваат иако разликата во квалитет е голема сепак, тоа не е оправдување за очајната игра.

Детонит Плачковица со високи и убедливи 1:4 го декласираше тимот на Башкими од Јаболчиште во Велес, а висока победа од 1:7 имаше тимот на Силекс кој беше пресилен за третолигашот Евротип.

Голем пораз доживеа и третолигашот Љуботен од прволигашот Македонија ЃП со резултат од 0:14.

Штипска Брегалница патува во следната фаза од Купот на Македонија, откако со 0:6 го доби составот на Победа Валандово, што ја потврди разликата, а „сините“ настапија во комбиниран состав и чуваат сили за првенството.

Најнеизвесно беше меѓу Охрид и Брера Струмица, каде во регуларниот дел беше 1:1, а во пенал-серијата охриѓани беа подобри и го исфрлија струмичкиот прволигаш од Купот, а победата добива на тежина бидејќи Охрид играше со играч помалку, откако голманот заработи црвен картон.

Денес играат Беласица и Арсими, на 2 септември ќе се соочат Шкендија Арачиново и Каменица Саса, на 3 септември Пчиња со Новаци и Тетекс со Пелистер. На 9 септември Победа ќе игра со Башкими.

Првата фаза од Купот на Македонија се комплетира на 10 септември со три меча. Скопје против Тикве, Јени Маале со Шкендија и Кожуф со Шкупи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img