домаМакедонијаДали Владата ќе го смени Далибор Китановиќ, поради величењето на Ратко Младиќ...

Дали Владата ќе го смени Далибор Китановиќ, поради величењето на Ратко Младиќ ?!

- Advertisement -spot_img

Ќе го чини ли Далибор Китановиќ, кадар на ДПСМ во власта, директорска позиција неговото величење на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ кој почина вчера во затворот каде ја издржуваше доживотната казна од Судот во Хаг?

Ваквото прашање се наметнува по соопштението што го испрати Владата попладнето , по целодневно политичко препукување околу ликот и делото на Младиќ, кое ја подели државата. Со кое се огради од јавно напишаниот пост на Китановиќ, оценувајќи дека станува збор за личен и неприфатлив став. Оттаму велат дека нивната позиција се темели на меѓународно утврдените правни факти и потсетуваат дека Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

„Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд“, наведуваат од Владата.

„Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. на на таквиот став е изграден, тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата“, велат од „Илинденска“. Од Владата додаваат дека ќе побараат Китановиќ да го повлече својот став. Доколку не се согласува со политиките на Владата, од него очекуваат да се повлече од функцијата што ја извршува.

Се почна кога доцна синоќа Директорот на Агенцијата за права на заедниците, Далибор Китановиќ, кадар од партијата на Иван Стоиљковиќ, со јавна објава го глорифицираше ликот и делото на Ратко Младиќ. Поткрепувајќи го постот со креација направена со помош на вештачка интелигенција, на која се најде и ликот на четничкиот водач од Втората светска војна Дража Михајловиќ.

Ваквата негова објава предзвика домино-реакции во кои опозициските СДСМ и ДУИ жестоко побараа одговорност. Социјалдемократите ги обвинија премиерот Мицкоски и неговиот инистер Стоиљковиќ, инаку партиски шеф на Китановиќ, дека се извршители на на политиките и хибридното дејствување на српскиот претседател Александар Вучиќ. Во сличен тон беше и реакцијата од Мала Речица од ДУИ, која беше првенствено насочена кон албанскиот партнер во властс ВРЕДИ, обвинувајќпи ги дека му слугуваат на српскиот режим.

Возвратија од власта – ВМРО ДПМНЕ го обвини СДСМ за лицемерие, бидејќи неговите градоначалници носат српски пејачи на нивните плоштади, додека ја критикуваат власта дека станува дел од „српскиот свет“. Додека пак од ВРЕДИ укажаа дека уште синоќа најостро го осудија величењето на воените злосторници од македонски функционери. излегоа со јавна поддршка на нивниот кадар, на официјалната Фејсбук страна.

Реагираше и ЛДП. За оваа партија, глорификацијата на Младиќ не е прашање на политички став, национална припадност или различно толкување на историјата. За геноцидот нема „друга страна на приказната“ кога фактите се утврдени со правосилни пресуди на меѓународните судови. Особено е недозволиво ваквата глорификација да биде поврзана со носители на високи државни функции, велат од ЛДП.

Слично величење на Ратко Младиќ, настрана од Србија и Република Српска, се случи во Црна Гора од просрпските партии кои се дел од владината коалиција и создадоа голем проблем за владата на Милојко Спаиќ.

Европската комисија во петокот објави дека секое величење на воените злосторници е спротивно на европските вредности и нема место во Европската унија или кај кандидатите за членство.

Во одговор на прашањата од подгоричкиот весник „Вијести“, Европската комисија потсети дека Ратко Младиќ отслужуваше доживотна казна затвор за злосторства против човештвото и геноцид во Сребреница и дека е воен злосторник кој е прогласен за виновен од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и осуден на доживотен затвор во 2017 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img