15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортДали УЕФА го украде новиот концепт во Лигата на Шампионите?!

Дали УЕФА го украде новиот концепт во Лигата на Шампионите?!

- Advertisement -spot_img

Минатата сезона УЕФА Лигата на Шампионите ја доживеа својата најголема реформа во однос на форматот. Претходниот систем од осум групи од по четири екипи е заменет со една лига од 36 учесници. Секој тим сега игра осум лигашки натпревари, против осум различни противници – четири дома и четири на гости. За разлика од претходните натпревари против три противници двапати, сега нема натпревари еден по друг против истите тимови. И оваа промена се покажа како одлична, се разбира со некои мали пропусти кои за оваа тековна сезона се поправени.
Новиот формат овозможува дуели меѓу врвните клубови и гарантира дека секој натпревар се брои до самиот крај на лигашката фаза, бидејќи секоја победа или пораз може значително да влијае на пласманот.
Сепак, овој нов систем предизвика контроверзии поради тужбата поднесена против УЕФА од чилеанската консултантска компанија MatchVision. MatchVision тврди дека УЕФА го украла нивниот авторски концепт на математички алгоритми за лига од 36 клуба што основачот на компанијата Леандро Шара го заштитил уште во 2006 година, пишува The Athletic.
Тие ја презентирале идејата на УЕФА уште во 2013 година, а ФИФА ги признала како сопственици на правата за интелектуална сопственост. Шара лично бара 200.000 евра, а MatchVision бара 20 милиони евра отштета за наводно крадење на форматот на Лигата на шампионите. УЕФА ги отфрли овие обвинувања како неосновани и објави дека ќе ја брани својата позиција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img