HomeТехнологијаДали добивате премногу известувања? Еве како да се справите со нив

Дали добивате премногу известувања? Еве како да се справите со нив

- Advertisement -spot_img

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Апликациите сè повеќе нè бомбардираат со известувања. Некои од нив се важни, неопходни или корисни. Но, некои се отворено или прикриено рекламирање, додека други не нудат никаква практична вредност освен потсетување дека апликацијата што ги испратила постои.

Известувањата стануваат прва линија во битката за вашето внимание. Ако компанијата може да направи нешто за да покаже дека ангажманот на нејзината апликација се зголемил за 5 проценти, веројатно ќе го стори тоа. А испраќањето повеќе известувања е генерално еден од најевтините и најлесни начини да се зголемат тие бројки.

Како да ги намалите несаканите известувања од апликациите?

Достапни се многу алатки за да ви помогнат да ги контролирате известувањата што ги добивате. Некои се вградени директно во оперативниот систем на вашиот паметен телефон, а постојат и алатки од трети страни. Еве еден поглед на некои од нив.

Користете ги поставките на вашиот оперативен систем

Андроид и иОС имаат прилично робусни алатки за одредување на видовите известувања што можете да ги добивате. На Андроид можете долго да притиснете на „известувања“ за да пронајдете опции за управување со вашите известувања. Повеќето известувања можат да бидат сортирани како Приоритетни, Стандардни или Тивки, кои се однесуваат различно во зависност од вашите преференции.

Ако допрете „Поставки“, можете да ги отворите поставките за известувања за поединечна апликација и да ги оневозможите категориите на известувања. Тие ќе се разликуваат во зависност од апликацијата, но во многу случаи можете да ги оневозможите рекламите или известувањата за вести, на пример.

На иОС можете да најдете слични алатки така што со прстот ќе поминете преку известувањата и ќе изберете „Опции“. Тука ќе најдете брзи кратенки за работи како што се исклучување на звукот на известувањата на апликацијата за кратко време или влегување во подетални поставки за да ги оневозможите категориите на известувања.

Истражете ги поставките за известувања на секоја апликација

Повеќето апликации имаат своја категорија на поставки за известувања што можете да ги приспособите. Во некои случаи тие може да се преклопуваат со истите поставки што ќе ги најдете на начините опишани погоре, но честопати ќе најдете многу повеќе прекинувачи што не се преклопуваат.

Кога сè друго нема да успее, користете алатки од трети страни

„Базкил/BuzzKill (Андроид)“ е едноставна апликација од 4 долари што нуди посилни алатки за филтрирање, управување или потиснување на известувањата од која било вградена поставка за управување со известувања.

Покрај филтрирањето на известувањата според тоа која апликација ги испраќа, може да ги филтрира и известувањата според зборовите што ги содржат, дали имаат слика или се дел од групен разговор.

Извор: tportal.hr

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img