Црвениот крст отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Гостивар кои се соочуваат со епидемија откако беше утврдено дека водата не е за користење.
– Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење. Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во обезбедувањето на неопходната помош и полесно надминување на последиците од оваа состојба. Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да придонесеме во обезбедувањето помош за настраданите семејства, велат од Црвениот крст.
Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во Гостивар.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228






