3.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЦрна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

- Advertisement -spot_img

Најновите податоци на Евростат за 2023 година, анализирани од „Еуроњуз“, ја позиционираат Северна Македонија на високото трето место во Европа според стапката на фемицид. Со регистрирани шест убиени жени на еден милион жители, земјата се наоѓа веднаш зад Латвија, каде стапката изнесува 17 жртви на милион жители, и Литванија со 10 жртви на милион.

Овие бројки значително го надминуваат просекот на Европската Унија, кој изнесува 4,1 убиена жена на еден милион жители. Анализата укажува дека проблемот со родово базираното насилство останува сериозен безбедносен и општествен предизвик, особено во земјите од Источна и Југоисточна Европа.

Статистиката дополнително покажува дека во рамки на Европа, жените се изложени на двојно поголем ризик да бидат убиени од близок член на семејството или од интимен партнер, во споредба со мажите, што ја нагласува поврзаноста меѓу фемицидот и семејното насилство.

За разлика од Северна Македонија и балтичките земји, најниски стапки на вакви убиства се евидентирани во Грција со 1,8 жртви на милион жители, Шпанија со 2, како и Холандија со 2,3 убиени жени на еден милион жители. Податоците ја отвораат потребата од поефикасни политики за превенција, заштита на жртвите и системска борба против родово базираното насилство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img