домаМакедонијаЦиклон од Турција ни носи невреме во следните два дена

Циклон од Турција ни носи невреме во следните два дена

- Advertisement -spot_img

Циклонски систем со центар над Турција во деновите вторник и среда (23/24 јуни) во Македонија атмосферата ќе ја одржува многу нестабилна и често ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата и поради тоа што истата е загреана локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради ваквиот развој на временските услови, Попоски апелира граѓаните да бидат повнимателни.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Температурите во овие два дена во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 32/33 степени. Тоа значи дека и покрај многу нестабилното време со врнежи, грмежи и со појава на локално невреме, сепак останува топло, најави метеорологот

За време на поголемата нестабилност локално ќе наврне поголемо количество на воден талог (над 20/30 литри дожд на метар квадратен), додаде тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img