домаМакедонијаЦените на земјоделските производи зголемени за 2,3%, трошоците за производство за 8,8%

Цените на земјоделските производи зголемени за 2,3%, трошоците за производство за 8,8%

- Advertisement -spot_img

Цените на земјоделските производи во септември годинава се зголемиле за 2,3 проценти во споредба со истиот месец лани, додека цените на средствата што се користат во земјоделството пораснале за 8,8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај растителното производство има раст на цените, а кај добиточното производство е регистрирано намалување.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2026 година цените во земјоделството бележат раст и кај инпутот, односно средствата што се користат за производство, и кај аутпутот, односно земјоделските производи.

Во делот на инпутот, цените на тековно потрошените средства во земјоделството се зголемиле за 8,8 проценти во споредба со септември минатата година. Кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството е регистриран раст од 8,6 проценти.

Кај аутпутот, цените на растителното производство се зголемиле за 3,9 проценти, додека кај добиточното производство е забележано намалување од 2,1 процент.

Податоците укажуваат на побрз раст на цените на средствата потребни за земјоделско производство во однос на растот на цените на земјоделските производи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img