Мило Вучков од струмичко Куклиш ангажирал лице да му ги фрезира пластениците за сеидба на пиперки. Заради цената на бензините поскапела услугата за 400 денари. И додека сè поскапува, откупните цени на пролетната зелка се намалува, вели Вучков кој тврди дека годинава ќе се работи со загуба.
По аптеките цените на ѓубривата веќе скокнале. Земјоделците од струмичко велат дека годинава ќе одат на ризик, оти со пласманот ништо не се знае.
За да се избегне несигурноста и ризикот – потребно е договорено производство меѓу откупувачите и земјоделците. Однапред да се знаат количините и цената, сметаат земјоделските експерти.
Во струмичко веќе се засеани површините со зеленчук, претежно под пластеници. Во моментов берба има само на пролетната зелка и лутите пиперки.








