1.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeТехнологијаЧовекот во кожна јакна разочаран од потегот на Кина

Човекот во кожна јакна разочаран од потегот на Кина

- Advertisement -spot_img

Кинескиот регулатор им нареди на домашните технолошки компании да престанат да купуваат чипови за вештачка интелигенција од Nvidia.

Кинеските власти донесоа одлука што би можела значително да го промени пазарот на вештачка интелигенција: на домашните технолошки гиганти им е забрането да купуваат чипови за вештачка интелигенција од американската компанија Nvidia.

Како што објави TechCrunch, кинеската Администрација за сајбер простор (CAC) издаде известување во кое се наведува дека компании како ByteDance (сопственик на TikTok), Alibaba и други повеќе не смеат да нарачуваат или тестираат чипови Nvidia RTX Pro 6000D, специјално дизајнирани за кинескиот пазар.

Одлуката доаѓа по месеци тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, кои се прелеваат во високотехнолошкиот сектор. За потсетување, кон крајот на август, кинеските власти веќе им советуваа на домашните компании да ги избегнуваат американските чипови и да се свртат кон алтернативи произведени во земјата, што беше еден вид претходница на сегашната забрана.

Извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, изјави дека е разочаран од одлуката на кинеските власти, но дека го разбира политичкиот и економскиот контекст. „Можеме да работиме само во земји каде што тие нè сакаат“, рече Хуанг.

Таквиот потег би можел да има далекусежни последици за Nvidia, која се соочува со губење на еден од најголемите пазари за своите производи, потоа за кинеските компании, кои сега ќе мора да се потпираат на домашни или алтернативни добавувачи, но и за глобалниот пазар на вештачка интелигенција, бидејќи технолошкиот јаз меѓу Кина и САД се продлабочува.

Експертите проценуваат дека одлуката дополнително ќе го забрза развојот на кинеските производители на чипови, додека Nvidia би можела да се сврти кон зајакнување на соработката со други азиски и европски партнери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img