домаХроникаЧовечки череп пронајден во близина на Лабуништа - на местото имало и...

Човечки череп пронајден во близина на Лабуништа – на местото имало и други предмети

- Advertisement -spot_img

Човечки череп е пронајден во близина на Подгоречкото Езеро, во атарот на селото Лабуништа, недалеку од македонско-албанската граница, соопшти СВР Охрид.

Според информациите од полицијата, черепот бил регистриран на 25 јули од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа. Покрај черепот, на местото биле пронајдени и други предмети.

По извршениот увид, во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за околностите под кои биле пронајдени човечките останки.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img