Bо НБА лигата се одиграа шест натпревари. Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го продолжија позитивниот момент и го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс со 126-107. Ова е осма победа од почетокот на сезоната на првакот, кој е единствена екипа без пораз во лигата.
Гилџес-Александер се истакна со 30 поени, Џо запиша 22, Волас и Вигинс имаа по 12, а Холмгрен постигна 11. Кај Клиперси најефикасни беа Харден со 25 поени, Колинс со 17, Дерик Џонс со 16 и Брук Лопез со 12 поени.
Торонто е во позитивен момент и запиша трета победа по ред. Канаѓаните со 128-100 го совладаа Милвоки на домашен терен. Барнс и РЏ Барет постигнаа по 22 поена кај победникот, а Јанис истотака со 22 поени се истакна за поразениот тим.
Чикаго приреди изненадување и со пресврт во дуелот со Филаделфија стигна до победа, надополнувајќи 24 поени дефицит (111-113). Никола Вучевиќ погоди тројка за победа и беше херој на „биковите“.
Гиди запиша „трипл-дабл“ учинок со 29 поени 15 скокови и 12 асистенции. Тој е првиот кошаркар по Мајкл Џордан кој во дресот на Чикаго на два натпревари по ред запишал ваков учинок.






