HomeРегионБурата Ерминио зад себе остави хаос низ Грција

Бурата Ерминио зад себе остави хаос низ Грција

- Advertisement -spot_img

Силното невреме „Ерминио“ во средата и четвртокот погоди повеќе делови од Грција, при што едно лице загина во Неа Макри, источно од Атина, а зад себе бурата остави поплавени домови, оштетена инфраструктура, паднати дрвја и сериозни прекини во сообраќајот.

Според Reuters и AP, мажот бил однесен од надојдената вода и останал заглавен под автомобил, додека спасувачките служби интервенирале во стотици случаи. Само во текот на невремето биле примени околу 500 повици за помош, а десетици луѓе биле спасувани од поплавени подрачја.

Најтешко беше во Атика, каде што улиците се претвориле во реки, а проблеми биле пријавени и на островите. AP јави дека на Парос бил урнат мал мост, а поројните дождови однеле автомобили и оштетиле дел од локалната инфраструктура.

Во исто време, јужна Грција беше погодена и од силен бран сахарска прашина. Над Крит небото доби портокалово-црвена нијанса, а силните ветрови, кои на некои места достигнаа и 9 степени според Бофортовата скала, предизвикаа дополнителни проблеми и во воздушниот сообраќај. Властите затворија училишта во Кикладите и Додеканезите, додека дел од ограничувањата и предупредувањата останаа на сила и во текот на денот. Невремето повторно ја отвори темата за сè почестите екстремни временски појави во Грција, која последниве години редовно се соочува со поплави, пожари и долги топлотни бранови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img