домаРегионБугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема да...

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема да учествуваат во повторно преговарање за обврските на Македонија

- Advertisement -spot_img

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Северна Македонија (РСМ) на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во Народното собрание, објавија бугарските медиуми.

Изјавата на министерката за надворешни работи, според напишаното, доаѓа како одговор на пратеничките прашања во врска со моменталната состојба на билатералните односи и европската интеграција со западниот соседи.

Министерката Петрова, пишува Бгнес, негираше дека Бугарија е во процес на дискусија или консултации за промена на веќе утврдените услови и обврски преземени од Скопјe. Ставот на Софија останува непроменет – спроведувањето на договорот во 2022 година е најдиректниот и единствен можен пат за Република Северна Македонија да напредува кон членство во ЕУ.

Бугарија не поставува нови барања надвор од општоприфатената европска рамка, туку инсистира на строго почитување на досега потпишаните договори и гарантирање на правата на Бугарите во соседната земја, рече Петрова.

Во рамките на парламентарната контрола, министерката за надворешни работи ја бранеше доследноста на бугарската надворешна политика, нагласувајќи дека градењето трајно добрососедство и доверба може да се случи само преку реални акции и спроведување на обврските преземени од страна на Скопје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img