HomeСветБудимпешта прашува како Украина проба да транспортира преку Унгарија 900 милиони долари...

Будимпешта прашува како Украина проба да транспортира преку Унгарија 900 милиони долари и 420 милиони евра

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, побара објаснување од Украина за големи суми готовина кои, според него, биле транспортирани преку унгарска територија. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, тој постави прашања за потеклото, намената и за крајната дестинација на средствата.

Сијарто посочи дека унгарските власти сè уште чекаат појаснување за наводниот трансфер на 900 милиони долари и 420 милиони евра во готовина преку Унгарија. Тој побара одговори за тоа за што биле искористени средствата, во чиј интерес бил извршен транспортот и дали дел од тие пари биле потрошени на унгарска територија.

Објавата доаѓа по инцидент кој дополнително ги заостри односите меѓу Будимпешта и Киев. Унгарските власти претходно соопштија дека протерале седум вработени во украинска банка, кои биле приведени додека транспортирале 80 милиони долари и девет килограми злато кон Украина со возила наменети за транспорт на готовина.

Според унгарските даночни власти, лицата биле задржани под сомнение за перење пари. Од украинска страна, пак, било наведено дека станува збор за регуларен банкарски транспорт.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја обвини унгарската влада дека незаконски ги задржува украинските банкарски службеници и ги присвојува средствата. Како одговор на тоа, Сијарто постави прашање зошто толкави суми би се транспортирале во готовина доколку навистина се работи за вообичаена банкарска трансакција.

Тензиите меѓу двете земји дополнително се засилуваат во период кога нивните односи веќе се оптоварени со несогласувања околу руската нафта и транзитот преку нафтоводот „Дружба“. Спорот се продлабочи и поради противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на пакетот финансиска помош од околу 90 милијарди евра што Европската Унија го планира за Украина, што Киев го оценува како форма на политички притисок.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img