-2.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаБрутално убиена македонска државјанка во Италија, сопругот е во бегство

Брутално убиена македонска државјанка во Италија, сопругот е во бегство

- Advertisement -spot_img

Четириесет и деветгодишна жена по потекло од Македонија била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Италија со бројни знаци кои укажуваат на насилство. Според извештаите на италијанските медиуми, станува збор за Саџиде Муслија, која била пронајдена во нејзиниот стан во Пјанело Валесина, мало село во провинцијата Анкона.

Нејзиното тело било пронајдено во кревет со видливи знаци на тепање и повреди на главата. Полицијата била алармирана од нејзиниот работодавач, откако жената не се појавила на работа, пренесува АНСА.

Властите интензивно трагаат по нејзиниот сопруг, 50-годишниот Назиф Муслија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двојката била во процес на развод, но сопругот сепак се вратил да живее со неа, и покрај разделбата. Назиф Муслија имал претходно досие за семејно насилство, вклучувајќи и повеќе жалби поднесени од 49-годишната жртва. Во април оваа година, тој бил уапсен за физичко насилство врз неа.

Беше објавено и дека мажот во еден случај ја скршил вратата од спалната соба со секира. Жената пријавила дека била подложена на постојано насилство од нејзиниот сопруг во период од две години. Минатиот јули, тој постигнал спогодба за признавање на вина, по што двојката повторно се соединила.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img