5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаBработените во ЈП Паркови и зеленило повторно протестираа

Bработените во ЈП Паркови и зеленило повторно протестираа

- Advertisement -spot_img

Поради неисплатени плати и додатоци за плати денеска протестираа вработените во Паркови и Зеленило, но и подфирмите Флораком и Луна, кои бараат навремена исплата на нивните плати и останати бенфиции од договорите за работа.
Протестот се оджа на булеварот Илинден, од каде испратија порака дека не се откажуваат од своите барања за исплата на се што им должи компанијата.
– На 30.09.2025 година вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна повторно протестираа со блоќирање на бул Илинден поради неисплатената плата за месец Август како и поради неисплатените додатоци на плата, регрес за годишен одмор, јубелејни награди итн.
Од страна на раководството не беше постапено по барањата истакнати на вчерашниот протест за исплата на платата за август и од таа причина повторно излегоа вработените на протест – објавија од Сојузот на Синдикатите на Македонија.
Вработените од овие три фирми најавија дека доколку и денес не ја добијат плата утре 01.10.2025 година повторно ќе излезат на протест во период од 10 до 12 часот со блокирање на повеќе раскрсници во град Скопје и тоа бул. Илинден, мост Гоце Делчев и бул. Партизански одрди кај Симпо.
– СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности заедно со стручниот кадар од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој работи долги години во претпријатието ќе излезат со предлог за одржливо финансирање на претпријатието во иднина искористувајќи и прилагодувајќи ги решенијата кои функционираат во слични претпријатија во соседните земји.
Ги повикуваме вработените од овие три фирми утре на протест од 10 до 12 часот на бул Илинден кај Фонтана(Матично), мост Гоце Делчев и раскрсницата помеѓу ул.Рузвелтова и бул.Партизански одреди.
Ги замолуваме граѓаните на град Скопје за разбирање – се потенцира во објавата на ССМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img