7.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Нов закон за рударство, повеќе контрола, поголема транспарентност и целосна хармонизација...

Божиновска: Нов закон за рударство, повеќе контрола, поголема транспарентност и целосна хармонизација со ЕУ

- Advertisement -spot_img

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) соопшти дека транспарентноста и вклученоста се основа на подготовката на новиот Закон за рударство. Нацрт-текстот беше објавен на платформата ЕНЕР уште во рана фаза, овозможувајќи јавен увид и учество на сите засегнати страни.

Јавната расправа траеше 30 дена и заврши на 28 август 2025 година, а во тој период пристигнаа голем број предлози и забелешки од компании, институции, експерти и граѓани.

,,Јавната расправа ни овозможи вредни препораки за Нацрт-законот. Сега започнуваме со фазата на усогласување, каде детално ќе ги разгледаме сите предлози и ќе организираме средби со оние кои се изјасниле за текстот. Нашата цел е закон кој обезбедува заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка,“ изјави министерката Сања Божиновска.

Од Министерството истакнуваат дека ќе бидат прифатени сите конструктивни предлози во интерес на државата и граѓаните, со цел креирање на современа и правична рамка за развој на рударството.

Финалниот закон, според најавите, ќе донесе одржлива експлоатација на минерални суровини според европски стандарди, засилена контрола и транспарентност во процесите, задолжителни мерки за рекултивација и заштита на локалните заедници, како и јасна регулатива за сите учесници во секторот.

Министерството нагласува дека ќе има нулта толеранција за прекршувања, со фокус на безбедноста, заштитата на животната средина и добросостојбата на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img