HomeМакедонијаБожиновска најавува редовни контроли на броилата како основа за транспарентен енергетски систем

Божиновска најавува редовни контроли на броилата како основа за транспарентен енергетски систем

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ја посети акредитираната лабораторија на Електродистрибуција, која повеќе од една деценија врши метролошка проверка и инспекција на броила. Посетата беше дел од активностите за обезбедување точност и транспарентност во мерењето на потрошената енергија.

– Точноста на броилата значи доверба – доверба дека секој граѓанин плаќа за реално потрошена енергија – истакна Божиновска.

Лабораторијата располага со најсовремена технологија, вклучително седум испитни станици од германската компанија ЕМХ, со кои секојдневно се обезбедува прецизно и сигурно тестирање на броилата што ги користат домаќинствата низ државата. Последната надзорна оценка потврди дека Телото за инспекција на броила ги исполнува сите меѓународни стандарди.

Министерката и директорот на Бирото за метрологија најавија дека наскоро во Бирото ќе биде ставена во функција современа опрема за државна контрола и верификација на броилата. Ова ќе овозможи секој граѓанин независно да ја провери исправноста на своето броило во државна институција.

– Контролата на броилата е прашање на фер однос, јавен интерес и транспарентност. Ќе продолжиме со редовни контроли и поддршка на сите институции што обезбедуваат доверба во системот – заклучи Божиновска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img