3.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБожиновска најави координиран и одговорен пристап при енергетската транзиција

Божиновска најави координиран и одговорен пристап при енергетската транзиција

- Advertisement -spot_img

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна транзиција.

На состанокот беше усогласуван Планот за имплементација за 2026 година, кој претставува клучен оперативен документ со конкретно дефинирани активности, надлежни институции, рокови, потребни ресурси и механизам за следење на напредокот.

Божиновска нагласи дека 2026 година ќе биде особено значајна за спроведување на праведната и зелената транзиција и дека ќе бара засилена меѓуинституционална координација, јасно распределени улоги и редовна отчетност од сите вклучени чинители.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го координира финализирањето на Планот, со цел државата да ја започне 2026 година со јасна насока, утврдени приоритети и фокус на конкретни резултати во процесот на праведна и одржлива енергетска трансформација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img