Министерката за енергетика на Северна Македонија, Сања, заедно со својата колешка Јована Јоксимовиќ од Министерството за рударство и енергетика на Србија, одржаа работна средба посветена на забрзување на активностите за реализација на гасниот интерконектор меѓу двете земји.

На средбата, двете страни разговараа за сите технички чекори и процедури што ќе овозможат брзо и ефикасно поврзување на националните гасни системи, како и пристап до алтернативни извори на природен гас.

„Овој интерконектор е дел од поголема визија – регион кој е енергетски сигурен, поврзан и европски ориентиран. Секој ден што го добиваме со побрза реализација значи повеќе стабилност, предвидливост и независност за граѓаните и економијата“, изјави министерката Сања.
Проектот се смета за еден од клучните чекори кон создавање нова енергетска оска на стабилност за целиот регион, која ќе ја зголеми енергетската безбедност и диверзификација на изворите на снабдување.
„Енергетската карта на регионот се редефинира – Македонија е активен дел од тоа“, додаде министерката.
Гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија е дел од пошироката регионална стратегија за енергетско поврзување и сигурност, која се спроведува во рамки на европските енергетски иницијативи и програмите за зелена транзиција.









