4.8 C
Skopje
25 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБожиновска: ЕСМ ги спроведе сите набавки согласно нивниот план - државата превентивно...

Божиновска: ЕСМ ги спроведе сите набавки согласно нивниот план – државата превентивно воведува седумдневна кризна состојба

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, одговори на пратеничко прашање за тековната состојба со снабдувањето со електрична енергија и објасни зошто е прогласена кризна состојба што ќе трае седум дена.
Божиновска потенцираше дека АД ЕСМ ги спроведело сите набавки според планираната програма и во согласност со договорите, но дека е потребно воведување на кризна состојба поради предизвиците со набавката на мазут, кои произлегуваат од штрајк на земјоделците во Грција и отежнато снабдување со енергенси.


„Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика, си ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена“, рече Божиновска во собраниската расправа.
Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, праша зошто навреме не биле преземени конкретни чекори за да се заштитат граѓаните од можни ценовни шокови поради новото поскапување на струјата, при што оцени дека ситуацијата не е вистинска енергетска криза, туку „криза на неодговорности“.


Министерката истакна дека државата ќе ги стави на располагање резервите на мазут бесплатно, со што ќе им се овозможи на електраните да продолжат да работат дури и додека траат потешкотиите со снабдувањето. „Ќе им овозможиме на АД ЕСМ да ги користи резервите на мазут, така што, кога ќе престанат штрајковите во Грција, снабдувањето ќе продолжи непречено“, додаде Божиновска.
Во врска со поскапувањето на електричната енергија, министерката нагласи дека цените се формираат од Регулаторната комисија за енергетика, додека Владата и Министерството за енергетика, како што рече, преземаат мерки за ублажување на можните последици врз потрошувачите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img