Министерката за енергетика Сања Божиновска, заедно со премиерот и колегите министри, присуствуваше на состанок посветен на реформската агенда за унапредување на европските интеграции на земјата.

Божиновска истакна дека енергетиката е еден од главните двигатели на европската агенда и нагласи дека Владата е фокусирана на испорачување резултати.

„Нашата цел е стабилен и модерен енергетски систем, поголема употреба на чисти извори на енергија и целосно усогласување со европските стандарди,“ порача министерката.

Таа додаде дека овие промени не се само формални обврски, туку суштински чекори кои треба да обезбедат сигурност, повисок животен стандард и европска иднина за Македонија.









