домаРегионБосна и Херцеговина не му дозволи на српскиот премиер да слета во...

Босна и Херцеговина не му дозволи на српскиот премиер да слета во Сараево: пристигна со автомобил

- Advertisement -spot_img

Босна и Херцеговина не му одобри прелет и слетување на авионот со кој премиерот на Србија во технички мандат Ѓуро Мацут требаше да пристигне во Сараево. За одлуката прв информира лидерот на босанските Срби Милорад Додик на платформата Икс.

Посетата на Мацут беше планирана по повод одбележувањето на Денот на српското единство, слобода и национално знаме во Бања Лука, главниот град на Република Српска, една од двете составни единици во Босна и Херцеговина, објави 4news.mk

Како причина за одбивањето е наведено прекршување на протоколот: авионот требало да слета во 15:30 часот, а барањето за одобрување било испратено во 15:05 часот, објави босанскиот портал Кликс.

Одлуката уследи во услови на засилено дипломатско напрегање по погребот со воени почести на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Србија.

Милорад Додик ја оквалификува забраната како „политичко лудило“ и „излив на омраза“ од страна на бошњачките политичари, тврдејќи дека одлуката е неуставна и дека ги нарушува принципите на конститутивност на народите во земјата.

Ѓуро Мацут изјави дека забраната нема да го спречи да присуствува на настанот во Бања Лука и дека, доколку не може со авион, ќе патува со автомобил. Тој нагласи дека Србија нема да одговори со ескалација, туку ќе продолжи да подава рака за соработка, да ги почитува слободата на движење и добрососедските односи, како и да ги штити своите интереси.

По одбивањето на прелетот, Мацут допатува во Бања Лука со автомобил.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img