домаРегионБорба со природата, голем пожар во Омиш-Хрватска, има повредени

Борба со природата, голем пожар во Омиш-Хрватска, има повредени

- Advertisement -spot_img

Катастрофални пожари во Хрватска…Противпожарните екипи се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија која се доближи до градот Омиш..Состојбата денеска е малку подобра но пожарот се уште преставува сериозна закана… Повеќе од 30 лица се повредени, меѓу кои пожарникари и граѓани кои се здобиле со изгореници…Десец пациенти се на интензивна нега и се во животна опасност…Поголемиот дел од градот е без електрична енергија, десетици возила изгореа на Јадранската магистрала, а оштетени се и куќи…Горат и големи челични конструкции веднаш над градот, кои треба да спречат одронување на карпи врз куќите…

Зад нас е исклучително тешка ноќ. Ситуацијата е сложена на подрачјето од Локва Рогозница до Омиш. Пожарникарите активно работат на запирање на пожарот. Противпожарните авиони веќе се на терен и почнуваат со гаснење. За жал, оштетен е голем број куќи и возила, причинета е огромна материјална штета. Во текот на мојата кариера немам доживеано ваков пожар.

Пожарот првично избувнал во реонот на Локва Рогозница… Гореле трева, ниска вегетација и борова шума, но силениот ветер многу брзо го претворила локалниот пожар во голема огнена стихија која во текот на ноќта се проширила се до Омиш… Стотици жители и туристите веќе се евакуирани во Сплит…

„ Се спасуваше жива глава, ништо друго не беше важно.“

„Гледам низ прозорецот од балконот на собата и гледам дека пожарот е некаде далеку. Но, за само половина час, огнот се приближи до Омиш. Нормално, човек го фаќаат немир и паника. Моравме да ги собереме работите и да си заминеме. Отидовме на друго место , но и таму пожарот се приближи. Потоа со автобус дојдовме овде.“

Повеќе од 300 лица се згрижени во Сплит а околу 90 отсто од нив се странски државјани…Многу туристи ги напуштиле своите сместувања во последен момент, а дел од нив биле евакуирани со бродови…Локалните власти предупредуваат дека враќањето во домовите и туристичките објекти нема да се случи наскоро..Во гаснењето на пожарот веќе се ангажирани канадерите и пилотите на Хрватското воено воздухопловство а од Хрватската влада велат дека доколку требва и армијата е подготвена да помогне..

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img