HomeМакедонијаБогдановиќ формира партија: Српска демократска лига ќе биде со национална основа!

Богдановиќ формира партија: Српска демократска лига ќе биде со национална основа!

- Advertisement -spot_img

Саша Богдановиќ е поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Центар и во еден мандат беше градоначалник на Центар, но пред извесно време си заминал од „Бихаќка“ бидејќи, како што вели, работите тргнале во погрешен правец . Во меѓувреме, тој имал контакти со ЗНАМ, меѓутоа тврди дека никогаш не се зачленил. Во изјава за „Фокус“, посочува дека подолго време трае идејата да формира нова партија, која веќе почнала да се реализира.

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, ќе формира нова политичка партија со назив Српска демократска лига. Како што вели во изјава за „Фокус“, тој ќе биде претседател на партијата, додека засега, како што посочува, прерано е да открива кои други луѓе ќе бидат во партиското раководство и органи.

–Партијата ќе се вика „Српска демократска лига“. Името потекнува од 1908 година, кога за прв пат се организирале Србите во политичка партија. Јас ќе бидам Претседател на партијата, така се договоривме со луѓето од иницијативниот одбор, но и со луѓето иницијатори за формирање на партијата – вели Богдановиќ.

Тој додава дека чекаат формално да заврши постапката за формирање на партијата, па да започне избор на органи и тела согласно Статутот на партијата. Во однос на прашањето како идеолошки и програмски ќе биде позициониран новиот политички субјект, Богдановиќ вели:

„Партијата ќе биде со национална основа, пред се да се бори за подобрување на правата на Србите во Македонија, но ќе има свои сектори и комисии кои што освен за културно, образовни и историски прашања, одговор ќе има и за останати сектори и процеси во општеството“.

Инаку, Богдановиќ посочува дека одлучил да го напушти СДСМ, бидејќи, како што објаснува, „сите работи тргнаа и одат во погрешен и лош правец“. Во меѓувреме, тој потврдува дека имал контакти со владејачката ЗНАМ на уште еден поранешен функционер на социјалдемократите – Максим Димитриевски, но истакнува дека никогаш не се зачленил во оваа партија.

–И покрај некоректноста на раководството на СДСМ во 2021 година за избор на кандидат за локалните избори, јас останав коректен и доследен. Но, за жал сите работи тргнаа и одат во погрешен и лош правец и едноставно се изгубија и погазија сите вредности во кои сме верувале. Сум имал контакти со ЗНАМ, но никогаш не сум се зачленил. Идејата да формираме нова партија трае некое време, но претходно сакавме да направиме консултации и со другите политички чинители – вели тој.

Инаку, Богдановиќ порано беше претседател на општинската организација на СДСМ во Центар, беше директор на паркинзи Центар додека градоначалник беше Андреј Жерновски, а потоа и стана градоначалник на Центар на локалните избори во 2017 година. Сепак, на следните избори во 2021 година СДСМ одлучи во Центар да настапи со актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

Во меѓувреме, од СДСМ на чело со Венко Филипче во неколку наврати обвинија дека Богдановиќ треба да формира нова партија која, според нив, е дел од стратегија на власта на ВМРО-ДПМНЕ за раситнување на опозицијата. Паралелно со тоа, СДСМ се конфронтираше со уште неколку други поранешни функционери, како Петре Шилегов и Јован Деспотовски, исто така обвинувајќи ги дека одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамна, „Фокус“ објави дека покрената е иницијатива која треба да се подготвува да настапи со политички концепт и кадровска понуда кога ќе созреат услови, при што се проценува дека тој момент би можел да дојде веднаш по следните парламентарни избори. Според нашите информации, дел од оваа иницијатива се поранешниот потпретседател на СДСМ Игор Ивановски и поранешниот генерален секретар Андреј Петров.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img