HomeМакедонијаБогданов: Судењето за „Пулс“ ќе биде тест за судството кое верувам дека...

Богданов: Судењето за „Пулс“ ќе биде тест за судството кое верувам дека ќе се избори и ќе биде на висина на задачата

- Advertisement -spot_img

Очекувам дека постапката ќе се истера до крај како што треба, верувам во судството, барем за вакво, да речем обемни предмети каде што и очите на јавноста се свртени, порача адвокатот Костадин Богданов во емисијата „Директно“ на ТВ Телма за судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Мислам дека ќе биде пресвртница од аспект дека на крајот на денот ќе заврши постапка, она што ќе остане и ќе се оценува понатаму, вклучително и во некоја постапка, претпоставувам во Стразбур, откако ќе се исцрпат домашните правни лекови е самата пресуда. Значи тоа е медиумот на судот по кој што ќе се оцени дефинитивно и ќе може да се даде некој суд, како била водена целата постапка, кои докази биле изведени, на кој начин, дали им биле дадени сите права на обвинетите. И конечно кој е ставот на судот, односно кој е одговорот на судот на сите тие факти и изведени докази и како тој се толкува во тој момент. И тоа ќе го видиме од сите три инстанци, мислам и од Апелациониот суд, и од Врховниот суд и тогаш може да донесеме суд дали се водела некоја праведна постапка и кој е исходот. Точно е дека судството ќе биде ставено на тест во овој предмет, но верувам дека ќе се избори и ќе биде на висина на задачата“, смета Богданов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img