Вработените во Управата за водење на матични книги за утре најавија бојкот на работата – вработените ќе бидат на своите работни места, но нема да ги извршуваат своите работни обврски. Причината е поради тоа што надлежните не ги потпишуваат колективните договори за покачување на платата, доколку и понатаму нема слух најавија и генерален штрајк.








