6.8 C
Skopje
12 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБлокадата од 2020 падна: Битолскиот Совет ја рестартираше постапката за урбанистички планови

Блокадата од 2020 падна: Битолскиот Совет ја рестартираше постапката за урбанистички планови

- Advertisement -spot_img

На денешната 3-та седница, Советот на Општина Битола разгледа обемен дневен ред со 59 точки, меѓу кои најзначајна беше измената и дополнувањето на Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови за 2025 година.

Со усвоените измени се создава можност за продолжување на сите урбанистички планови што биле стопирани во 2020 година, со што се отвора пат за нивно конечно завршување и јавна презентација пред граѓаните. Според општината, ова претставува прв сериозен чекор кон транспарентен, законски и стручeн процес на планирање, кој треба да обезбеди уреден град, плански развој и поголема вклученост на јавноста.

Советот донесе и одлука за продолжување на соработката со Националната мрежа за жртви на семејно насилство. На овој начин, Општина Битола ја потврдува својата определба за континуирана поддршка на ранливите категории и останува една од водечките општини во државата по однос на превенцијата, заштитата и помошта на жртвите од семејно насилство.

Покрај овие, беа усвоени и бројни одлуки поврзани со комунални претпријатија, донации, управни и надзорни одбори, јавни установи и урбанистички процеси, со што општината ја продолжува динамиката на институционално функционирање и локален развој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img