домаМакедонијаБИЗНИСМЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО НА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА ВО ВИЛАТА НА ТРАМП: Никола...

БИЗНИСМЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО НА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА ВО ВИЛАТА НА ТРАМП: Никола Андреевски на настан за кандидат за Конгресот на САД

- Advertisement -spot_img

Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на донаторски политички настан во познатата резиденција Мар-а-Лаго, која е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп.


Настанот бил организиран како поддршка за кандидатот за американскиот Конгрес од сојузната држава Ајова, Џои Мичел, а на него присуствувале и бројни политички и бизнис личности од САД и од Балканот.


Меѓу присутните бил и Том Емер, кој ја извршува функцијата Majority Whip во Претставничкиот дом на САД. На настанот учествувал и Џејсон Смит, претседател на Комитетот за буџет и даночна политика (House Ways and Means Committee) – еден од највлијателните комитети во американскиот Конгрес, задолжен за даночна политика, трговија и економски прашања.


За време на донаторската средба, Андреевски имал можност да разговара со повеќе политички фигури и бизнис лидери, при што се потенцирала улогата на македонската бизнис дијаспора во САД и нејзиното значење во поврзувањето на Македонија со американските економски и политички центри.


Балкански бизнисмени во Мар-а-Лаго
На настанот присуствувале и други личности од регионот, меѓу кои и Драгослав Павловиќ, градоначалник на Ниш, како и Ерик Бранстад, син на поранешниот гувернер на Ајова и поранешен американски амбасадор во Кина Тери Бранстад. Ерик Бранстад бил и висок советник во претседателската кампања на Доналд Трамп во Ајова во 2024 година.


Ова не е првпат Андреевски и претставници на балканската бизнис заедница да присуствуваат на вакви политички донаторски настани во Мар-а-Лаго. Во мај 2025 година тие учествувале на слична средба заедно со поранешниот гувернер на Илиноис Rod Blagojevich, со што дополнително се зајакнале врските меѓу балканско-американските претприемачи и политичките кругови во САД.


Според организаторите, ваквите средби ја потврдуваат сè поактивната улога на македонската бизнис заедница во Америка, која отвора нови можности за економска соработка, инвестиции и политички контакти меѓу Македонија и САД.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img